Која е идејата?

Ние сме Lumenetica Project – позади името стои идеја. Идеја за подобрување на театарот како медиум во Македонија и проширување на неговите граници и погледи. Ние сме колеги и пријатели. Тотално различни еден од друг, но исти во идејата за тоа што сакаме од нашата професија во иднина. Различностите се како парчиња од една сложувалка наречена Lumenetica Project, составена од Златко Славенски, а дел од таа огромна сложувалка е ТВ БОКС.

Зошто TV BOX?

“ТВ БОКС” е нешто што до сега не е направено. Правиме спој на театарот и телевизијата, а воедно магијата на телевизијата ја преточуваме во магија на театарот раскажуваме една приказна која на сите нас ни се крие зад малите екрани. Целта на самиот проект е да се направи платформа за промоција на млади уметници. Нешто за кое даваме се што можеме, најмногу што можеме, најдобро што знаеме.

Каде и кога?

Скопски Саем, Хала 4.

5

Актери

60

Метри долга бина

65000

Работни часови